Детски роденден во саканиот LEGO® свет

Дали живеете со мал истражувач? Ние ќе ви помогнеме да организирате забава достојна за млади градители и бестрашни механичари. Вашето дете и неговите гости ќе можат да ги најдат одговорите на најважните прашања.

Закажете датум за Вашата LEGO® роденденска забава

2 часа на голема забава

LEGO® тематски анимации под супервизија од роденденскиот координатор

Тематски декорации, ужинки за деца во LEGO® бои и подарок за славеникот/славеничката

Организација на роденденската забава во EDUKIDO центарот или во Вашиот дом!

Одберете тема за Вашата роденденска забава

Одберете тема за Вашата забава, закажете дата и поканете ги гостите, а ние ќе…….го направиме останатото.

Град (City)–големата трка (Тhe great race)

Време е за голема трка! Ние ќе ја организираме роденденската забава на Вашето дете со супер-брзи и ултра-модерни коли, креирани од малите конструктори. Дали сте спремни?

Академија за Нинџа војници(Ninja - warrior academy)

Дали имате мал студент/ка на Нинџа академијата дома? Благодарение на LEGO® коцките, може да им овозможите роденденска забава од соништата. Децата ќе можат да покажат креативност и умешност за целосно да ја совладаат тешката уметност да се биде нинџа на крајот од играта.

Војна на звездите (Star Battle)

Градење ѕвездени витези, борби во копнени, воздушни и подводни возила и голема битка со непријателот (се разбира, во одбрана на добрите и благородни вредности). Звучи како забава од соништата за вашето дете? Со сетовите EDUKIDO и LEGO® можете да го остварите сонот на вашето дете.

Витези -напад на кралството (Knights - attack on the kingdom)

Нека децата заедно го бранат царството од непријателски напад. Секое од децата ќе може да ја игра улогата на вистински, храбар воин и да се соочи со непријателот кој ... има вистинска книга на чудовишта и сигурно нема да се двоуми да ја искористи!

Пријатели од Хартлејк (Friends from Heartlake)

Организирајте роденденска забава на која децата ќе можат сами да си направат LEGO® маски од коцки пред да се упатат на забавата во паркот „Хартлејк“. Кој ќе го уреди паркот? Вашето дете и неговите гости! Заедно ќе „засадат“ дрвца, ќе постават клупи и ќе уредат место каде што ќе јадат вкусна торта.

Фантастичниот свет на елфови (Fantastic world of elves)

Организирајте роденденска забава во поинаква димензија! Дозволете им на децата да патуваат во фантастичниот свет на џуџињата, кој ќе биде ограничен само од нивната имагинација. И во непознат свет, сè може да се случи ...

Роденден во Фрозен (Birthday in the Frozen)

Авантурите на сестрите и среќниот снешко ќе ги вовлечат учесниците на забавата во ледениот свет. Магичната снежна земја, полна и со радосни моменти и со препреки што треба да се надминат, ќе го направи роденденот на вашето дете незаборавен.

Волшебници (Wizards)

Маѓепсани автомобили и животни, стапчиња, летечки метли - ова е дел од неверојатниот свет што можеме да му го понудиме на вашето дете. На роденденот во EDUKIDO, децата можат да научат магија од еминентни волшебници за да играат магична игра на крајот.

Дали барате други идеи за роденден за вашето дете?

Можеби ќе ви се допаднат овие: Парк на диносауруси, Волшебници или Суперхерои (Dinosaur Park, Wizards or Superheroes). Изберете EDUKIDO во Вашиот град и јавете ни се.

Контактирајте не

Прашајте за слободна дата и дознајте повеќе за организација на роденденот!Пополнете го формуларот подолу и пронајдете го вашиот EDUKIDO и јавете ни се.

Личност за контакт: