Започнете едукативен бизнис

Враќање на инвестицијата после 12 месеци

Цена на франшиза во зависност од големината на градот/областа

Докажан и ефективен бизнис модел

Над 50 филијали низ Полска, но и во други земји

Атрактивен производна пазарот на воннаставни активности

Оригинална методологија на работа со деца од 3-12 години

EDUKIDO едукативна франшиза – на што заработувате?

  1. Редовна настава во центарот ЕДУКИДО
  2. Работилници во градинки и училишта
  3. Еднократни работилници прилагодени на училишните предмети
  4. Роденденски забави
  5. Дневни кампови
  6. Работилници во летни кампови на отворено
  7. „Тим билдинг”

Објаснете им го светот на децата со EDUKIDO!

За време на часовите, децата го откриваат светот преку игра со LEGO® коцки.

EDUKIDO програмата содржи:

Редовни часови

Часовите се одржуваат еднаш неделно по 60 минути во постојани групи (4-10 деца на возраст од 3 до 12 години), при што следиме тематски сценарија. Часовите EDUKIDO се време за одлична забава, но и... откривање на нови работи за себе и светот, развој на логика и креативно размислување, заедничко решавање проблеми, учење на основи на технологијата.

Родендени

EDUKIDO роденден е авантура во светот на LEGO® хероите, која секое дете ја сака. Организираме тематски роденденски забави за 10 до 20 луѓе: Град, Нинџа, Војна на ѕвездите, Витези, Пријатели, Парк на диносауруси, Волшебници, Суперхерои.

Дневни кампови

Дневните кампови со коцки се одлична авантура за децата! Богатата програма вклучува многу игра со LEGO® коцки. Овој облик на поминување на слободното време станува се попопуларен меѓу зафатените родители кои сакаат на своите деца да им пружат атрактивна забава. Љубопитните деца сакаат дневни кампови.

Едукативни работилници

Еднократни тематски работилници, прилагодени на училишните предмети и наставни програми. Учениците на возраст од 6 до 10 години учат за теми од: историја, географија, биологија, литература. Наши најбарани работилници се: Во средновековен замок, Гравитација, Моќ на ветрот...

Роботика

На повозрасните ученици им треба различен тип на активност. Роботика, за ученици на возраст од 7 до 12 години, се едукативни часови за време на кои ги оживуваме нашите модели заедно, со поврзување на мотори, сензори, контролори и други додатоци. Некои од темите опфатени на часовите по роботика се: спирограф, подвижен мост, Марс Ровер, рингишпил, робот кој оди.

Едукативна франшиза

EDUKIDO е програма за активности која им помага на децата од 3 до 12 години да го откријат светот преку LEGO® коцките! Искуството во овој сектор ни помогна да дизајнираме систем што би сакале самите да го имаме. Нудиме деловен модел добро прилагоден на пазарот, со специфични перспективи за заработка и со низа поволности токму како што очекува корисникот на франшизата.

Едукативна франшиза – Вашиот нов бизнис?

Дали сакате да се вратите на пазарот на трудот по породилното отсуство? Дали ви е досадно во компанијата во која работите? Дали размислувате да отворите друг бизнис? Или можеби само верувате дека има смисла да се поддржуваат родителите во грижата за развојот на нивните деца? Водење бизнис со EDUKIDO може да биде добра идеја за вас. Не мора да бидете искусен претприемач за да започнете сопствен бизнис. Важно е да сакате да водите профитабилна компанија и да го разберете значењето на термините како што се: отвореност кон туѓите идеи, посветеност и доследност во работата.

Едукативна франшиза - бизнис со мисија

Нашата цел е да формираме интерес за светот и истражувачки став кон него. Сакаме да ја срушиме постоечката бариера помеѓу хуманистичките и техничките науки и да ја замениме со размислување и љубопитност. Сакаме децата да ја развијат својата имагинација и способност да решаваат проблеми во програма која не наметнува шеми. Сакаме да ја поттикнеме љубопитноста за светот и способноста да размислуваме апстрактно. Преку играта сакаме да ја искористиме синергијата на креативноста и логиката.

EDUKIDO франшиза - што не прави поразлични од останатите?

  • иновативни производи, на пр. работилници за училишни предмети базирани на LEGO® коцки
  • над 200 креирани сценарија
  • 4 типа на курсеви кои му овозможуваат на корисникот на франшизата да заработува во текот на целата седмица (од утро до вечер и од понеделник до недела)
  • Детални инструкции 1000 страници од оперативни прирачници за работа (заедно со придружните документи)
  • повеќе од 25 години искуство во секторот на образовни воннаставни активности
  • 2 сопствени филијали и над 50 филијали на франшиза на полскиот пазар, 2 Мастер франшизи ( Хрватска, Р.С.Македонија) и 6 франшизи во странство ( Киев -Украина, Вараждин, Сплит, Ријека и Задар- Хрватска; Скопје-Р.С.Македонија )
  • фиксен надомест за франшиза, помал во почетната фаза на развој на бизнисот

Област на EDUKIDO лиценцата

Сопственикот на франшизата ќе добие ексклузивитет на брендот EDUKIDO низ целата земја.

Еден корисник на франшиза купува лиценца од Мастер франшизeрот за површина од 20 до 100 илјади жители. Големите градови ги делиме на области. 

СО КОГО БИ САКАЛЕ ДА РАБОТИМЕ?

Совршениот кандидат за добивање на франшиза EDUKIDO би требало да има искуство во продажба и маркетинг, менаџерски и комуникациски вештини, а исто така да биде способен да споделува знаење и да работи во широко распространета структура.

Тој/таа да го разбира значењето на поимите како: отвореност за туѓи идеи, вклученост, последици во светот на бизнисот. Тој/таа да сака да постигне повисока цел, но и да заработи пари во исто време. Континуитетот и упорноста се неопходни за да се изгради долгорочен бизнис.

Искуство во франшизниот и образовниот сектор е предност, а дополнителна предност е доброто познавање на локалниот јазик и познавањето на англискиот јазик.

ЗОШТО ДА ГО ОДБЕРЕТЕ EDUKIDO?

Богатото искуство како корисник на лиценцата во овој сектор ни овозможи да го дизајнираме и понудиме системот за кој сонувавме: тој е добро прилагоден на пазарот, со перспектива на опиплив профит, со точен и широк опсег на услуги од давателот на франшизата како што и се очекува. Доколку сте подготвени да пружите квалитетна едукативна активност, од нас ќе добиете систем на професионална поддршка за вашиот бизнис во секоја фаза од нашата соработка. Ние би сакале франшизата EDUKIDO постојано да обезбедува висококвалитетно знаење за време на траењето на договорот за франшиза.

EDUKIDO франшиза– прашања и одговори

Не. Не ви е потребен сопствен простор за да водите филијала на EDUKIDO. Ова е, се разбира, интересна опција, но побрзо и полесно е да се започне со изведување на EDUKIDO часови на места како градинки, училишта, библиотеки или други локации.

Ви препорачуваме да отворите филијали на EDUKIDO во градовите со повеќе од 20.000 жители.

Повратот на инвестицијата обично трае од 12 до 24 месеци. На ова големо влијание има вклученоста на примателот на франшизата во почетниот период на работа на филијалата EDUKIDO.

Основното обука е задолжителна. Трае вкупно 5 дена и ги вклучува следните модули: маркетинг, продажба, услуги на клиентите, управување со луѓе, менаџмент на одделите и EDUKIDO часови.

Инструкторот треба да има минимум средно образование. Нема потреба од специфично поле на студирање. Инструкторот треба да биде одговорен и креативен. Добрата организираност во работата е исто така важна. Сепак, тој треба да има големо општо познавање на светот и да ги сака децата и работата со нив. За да помогне во изборот на вистинскиот кандидат, EDUKIDO – Македонија обезбедува пакет за вработување кој меѓу другото вклучува: профил на идеалниот инструктор, опис на процесот на интервју за вработување или задачите што инструкторот ќе ги извршува за време на интервјуто.

Корисникот на франшизата прави еднократна исплата за: лиценцата, комплетите коцки, наставните материјали и маркетинг материјалите. Исто така, тој мора да започне бизнис и се разбира, да го инвестира своето време. Покрај тоа, постојат стандардни деловни трошоци (сметководствени услуги, телефон и лаптоп, трошоци за гориво итн.).

Почетното плаќање е еднократно и само во оправдани случаи авансот може да се подели на рати.

Основниот пакет се купува од давателот на франшизата. Се состои од преку 10.000 коцки, кои се поделени во соодветни групи и се користат за спроведување на различни сценарија. Искуството покажува дека е побрзо, поевтино и многу поефикасно кога давателот на франшизата се занимава со тоа.

Не, корисникот на франшизата може веднаш да ангажира инструктори. Сепак, секој корисник на франшиза мора да заврши курс за инструктор. Ова има големо влијание врз квалитетот на управувањето на тимот од инструктори и на целиот оддел.

Се бара голема лична посветеност на корисникот на франшизата – посебно во првата година од соработката. Друг важен елемент се луѓето со кои ќе работите, т.е. инструкторите и координаторите (во поголемите филијали). Нивниот избор, обука и насоки се основата на добрата услуга за клиентите, но најважно е да се спроведуваат часови и целата филијала да функционира во согласност со стандардите на нашата компанија – овој елемент има најголемо влијание врз успехот на бизнисот на EDUKIDO.

EDUKIDO е проверена бизнис идеја

EDUKIDO е добро дизајниран бизнис модел, постојано развиван, кој ги задоволува потребите на пазарот. Можете да најдете филијали на EDUKIDO во над 50 градови низ Полска и Европа!

Франшизата е побезбедна варијанта на бизнис

Како што покажуваат истражувањата, во приватниот бизнис само 62% од поединечните компании продолжуваат да работат по првата година, додека кај франшизните компании за тоа е дури 97%. После десет години, само 18% од поединечните компании остануваат на пазарот, додека дури 72% од франшизите сè уште работат.

EDUKIDO Франшиза - дознајте за мислењето на корисниците на франшизите

НЕ МОРАВ ДА ПОЧНУВАМ СО СОПСТВЕН ПРОСТОР

„Претходно, кога водев своја продавница неколку години, не го постигнав она што го добив кога почнав да работам со франшизата EDUKIDO. Во EDUKIDO не морав да почнам со свој простор. Не морав веднаш да вработувам вработени, иако јас го направив тоа и задоволен сум со тоа. Дополнително, набавувате коцки, наставни материјали и готови маркетинг материјали. Добивате пристап до наставни сценарија, системи за деловна поддршка и други папки и датотеки со знаење. На сè му претходи петдневен курс, веднаш потоа можете да започнете со работа. Вкупните трошоци за започнување на овој бизнис се 35.000 PLN (~7350E) бруто.
Во споредба со другите компании, или барем со оние кои ме интересираа, тоа е навистина мала сума.Оваа индустрија и работата со деца навистина наградува. Се чувствувам како да заработувам, но целам и кон повисока цел. Можеби звучи возвишено, но навистина е. Чувствувам големо задоволство од работата и конкретна заработка. EDUKIDO се одлични луѓе, одлична атмосфера...

Што повеќе би можеле да посакате?“

ФРАНШИЗИРАЊЕ СО НОРМАЛЕН, ЧОВЕЧКИ ПРИСТАП

„Само ќе истакнам што ценам за EDUKIDO:
постојан контакт, брз фидбек, вклучувајќи совети и препорачана пракса (за сé она што често прашувам),
редовна работа за подобрување на квалитетот на услугите (оние што подоцна ќе ги давам на клиентот),
соработка на целиот систем - штосот е во тоа да се изгради тим на франшизи каде што можеме да размениме искуства меѓу себе, слободно да контактираме и да побараме совет, а има и многу добра комуникација помеѓу корисникот на франшизата и централата (врз основа на договорот за франшиза, се разбира, но и со голема доза на вообичаен човечки пристап), пристап до маркетинг материјали, обука“.

КОЛКУ И КАКО ЗАРАБОТУВАТЕ КАКО ФРАНШИЗА?

  • редовни часови во вашиот сопствен EDUKIDO центар
  • редовни часови во образовните установи во областа на вашата лиценца
  • работилници за училишта и предучилишни установи
  • роденденски забави во вашиот соопствен EDUKIDO центар и во домот на славеникот/славеничката
  • соопствени дневни кампови
  • работилници на надворешни дневни кампови
  • комерцијални настани
  • продажба на производи и гаџети на Едукидо

Нашето искуство во секторот на образовните наставни активности сугерира дека добар производ како што е програмата EDUKIDO + општите пазарни перспективи + вашето вклучување во развојот на бизнисот треба да резултира со враќање на инвестицијата во рок од 12-24 месеци.

Знаете ли дека од 6 LEGO® коцки можете да изградите најмалку 27 различни патки?

Контактирајте не и ќе ве научиме како да заработите на тоа

Дали сакате да ја слушнете нашата понуда?

Контактирајте не