Откријте го светот на EDUKIDO!
Уникатни едукативни активности со LEGO® 
коцки

Знаењето е важно во EDUKIDO. Важни се интересните содржини, учењето на нови вештини и стимулирањето на независно размислување. Но, најважни од сé, се забавата и радоста што доаѓа од неа.

Играта е најдобриот поттик за учење

Додека си играат, децата го напуштаат стереотипниот пристап кон учењето. Сакаме да ја развиеме нивната љубопитност и да покажеме дека стекнувањето нови знаења може да биде возбудливо, дека можете да научите и да се развивате на различни начини - не само со читање.

Природните и техничките науки немаат бариери

На децата им покажуваме дека природните и техничките науки можат да се испреплетат. Сè што ви треба е малку експериментирање и способност да размислувате надвор од вообичаените рамки. Откривањето на нови мисловни територии е одлична забава и незаборавна авантура за децата!

Креативноста и логиката одат рака под рака

Знаеме дека има интеракција меѓу логиката и креативноста. Оваа синергија ја користиме за време на часовите со децата, за во иднина тие целосно да го ослободат својот потенцијал и да ги искористат нивните заспани можности. Играњето со коцки во комбинација со детската природна љубопитност доведува до експлозија на креативноста и брз развој на таленти. И сè тоа во уникатна атмосфера на радост и забава.

Прашања и експерименти кои ни помагаат да го разбереме светот

Прашањата и експериментите овозможија да се направат големи откритија и го подигнаа човекот во вселената. Затоа учесниците на EDUKIDO часовите, сите заедно, а под надзор на инструкторот, сами ги бараат одговорите на прашањата: „Како функционира?“, „Зошто овој булдожер турка?“, „Колку ќе издржи кранот?“ , "Зошто птицата не паѓа кога не мавта со крилјата?" ... А одговорите ги бараме со вежбање и експериментирање.

Холистички развој на детето
EDUKIDO часовите се нешто повеќе од типични воннаставни активности – тие тематски се совпаѓаат со училишните предмети, но содржат и различни информации во нивниот опсег. Тие го поддржуваат сеопфатното стекнување на знаења и вештини кои ќе бидат корисни за време на часовите на училиште, но нивната цел е, пред сè, развојот на децата на холистички начин. За да можат децата во исто време и да стекнуваат знаење и да ја обликуваат својата личност и да учат за општествениот и социјалниот живот.

EDUKIDO светот е составен од деца, родители и EDUKIDO инструктори

Вклученоста на родителите е дополнителна мотивација, охрабрување и забава за најмалите! Особено поради фактот што по завршувањето на секоја фаза од програмата, има време сите заедно да се восхитуваме на резултатите од работата на најмладите.

Развој и забава во едно? Тоа е можно благодарение на EDUKIDO едукативната програма со употреба на  LEGO® коцки, обожавани од децата.